16.8 C
Скопје
03:55 - 9 септември, 2026

ФОТО: Нема кој не се смее на неговите шеги: Го познавате ли момчето од фотографијата?

Во неделата на 29. ноември, Македонија и останатите земји кои ја сочинуваа поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија се присеќаа на еден од најголемите државни празници – Денот на Републиката.

На истиот датум пред 75 години на овој ден се одржа Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, каде беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а денот остана запаметен во историјата како датум на создавање на новата Југославија.  АВНОЈ го воведе називот „маршал на Југославија“, кој му беше доделен на партизанскиот врховен командант Јосип Броз Тито.

Овој празник се одбележуваше еуфорично со неработни денови, училишни приредби и многу веселби. Луѓето го доживуваа како семеен празник на кој се славеше братството и единството.

Познати и непознати луѓе од Балканот ги споделуваа своите сеќавања за Југославија, а меѓу нив и еден од нашите најпознати режисери и сценаристи, Бранко Огњановски.

Бранко Огњановски

Огњановски, или на македонската јавност најпознат по улогата на култниот лик Миле Паника од најпознатото и најлегендарно македонско хумористично шоу К-15, како и „Фчерашни новости“, го прослави Денот на Републиката со ретро-фотографија од себе, од осумдесеттите.

– 1982 година, сликата од ЈУ пасош, напиша тој во описот на фотографијата, а очекувано и коментарите под објавата се хумористични.

На неговиот твитер-профил сподели и фотографија од пасошот и напиша „Сум патувал со пасошов од 1982 до фајронот“.

Иако е особено симпатичен во младоста, мора да признаеме дека култниот Бранко Огњановски старее како добро вино.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....