18:13 - 8 ноември, 2026

Страсната афера на Наоми Кембл и Мајк Тајсон! (ФОТО)

Рори Холовеј, поранешен менаџер и пријател на Мајк Тајсон, во својата книга откри интересни детали од животот на познатиот боксер, а еден од нив е тоа дека жените секогаш му биле слаба точка и дека зависноста од сексот во некои ситуации му ја уништувала кариерата.

„Знаев дека во рингот никој не може да го запре. Тој единствено можеше да падне поради слабоста према жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги менува, а сите имаа врска со сексот и жените“, пишува Холовеј.

Тој се навратил на неколку интересни случувања, а во светските медиуми најмногу влијание привлече авантурата на Мајк со еден од најголемите супермодели во историјата, Наоми Кембл. Познато е дека тие двајца позирале заедно за „Вог“ и дека поминувале доста време заедно, а дури последните неколку години испливаа детали за нивниот однос.

Како што открил тој, тие двајца биле на една забава во Њујорк, кога Мајк се забавувал со прекрасната манекенка.

„Бев тука да го држам Мајк подалеку од невољи и да внимавам на него. Зборуваше со некоја девојка. Не можев да си поверувам на очите. Тоа беше Наоми“, открил Холовеј. „Мајк ми вели дека иде во тоалетот. Следното нешто што се случува: Наоми тргнува по него, а јас стојам пред врата и ги чувам нивните пијачки“.

Како што раскажал Рори, оваа страствена врска била осудена на пропаст, бидејќи Тајсон запознал личност рамна на себе.

„Мајк ќе се забавуваше во клубот и кога ќе излезеше ќе видеше како стои на неговиот автомобил во штикли и ја уништува хаубата“, кажал Рори и додал дека еднаш Наоми дошла во Лас Вегас, каде боксерот се забавувал со неколку девојки во хотелска соба на 29-ти спрат и Наоми „како жена-мачка“ скокнала од едниот балкон на другиот за да го фати на дело.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....