7.8 C
Скопје
04:38 - 29 септември, 2026

Стефанија Гештарска: Ова е понуда што не се одбива!

Нов предизвик за македонската балерина.

„Понудата не се одбива од професионален аспект, не зборувам за финансискиот“, ни рече Стефанија, објаснувајќи дека наскоро ќе нè извести за сите детали од договорот.

Стефанија Гештарска, првата македонска балерина која се вработи во светски познатиот театар „Бољшој“, доби нова понуда, која, вели, не се одбива.

Понудата пристигнала после цела година неизвесност, дилеми и искушенија кои ги донесе коронакризата.

фото приватна архива

Нејзината мајка, балерината Марија Крстевска, надополнува дека „Гештарска ја донесе вистинската и најодбра одлука за себе“ и дека ќе настапува „таму каде што сè и започна“. Во Театарот за опера и балет „Перм“ во градот Перм во Русија.

Овој театар е еден од најстарите музички театри во земјата и остана главен музички центар во текот на својата историја, низ која се случиле многу значајни уметнички настани. Иницијатор е на прочуениот меѓународен фестивал Дијагилев и на балетскиот натпревар „Арабеска“.

– Во „Перм“ ми започна целата успешна, меѓународна балетска приказна, токму на натпреварот „Арабеска“, кој е еден од најстарите и најреномираните натпревари во чест на балерината Екатерина Максимова, каде што претседател на жирито е големиот Васиљев, а самиот натпревар е под заштита на Унеско. Таму бев забележана првпат и ми беше понудено да се школувам. Таму завршив една година, а потоа добив стипендија и се префрлив во „Бољшој“ – вели Стефанија.  

Стефанија во друштво на мајка ѝ Марија, фото-приватна архива

Пермскиот театар, основан во 1874 година, е познат и како „Куќата на Чајковски“. Еден од главните креативни принципи на театарот е развојот на целото наследство на композиторот Петар Илич Чајковски, и тој е единствен театар во Русија каде што се поставени сите сценски дела на Чајковски: 10 опери и 3 балети, додека балетската група на театарот е една од најпопуларните во Русија, па и во светот, поради успешните турнеи во странство.

Ј.К.Д

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....