23:51 - 11 ноември, 2026

Славниот актер постојано глуми татко, а својата ќерка не сака ниту да ја запознае

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој го засакавме преку улогата во некои од најпопуларните комедии, има три деца со три различни жени, а неговите фанови ги шокираше веста дека тој својата најмлада ќерка никогаш не ја запознал.

Тоа го откри неговата поранешна девојка Варуни Вонсвиратес за Дејли Мејл.

– Никогаш не ја запозна Лулу. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не ни било потребно. Лулу има потреба од татко. Иронично е тоа што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја ни запознал, изјави таа.

Варуни на актерот му порача дека би требало да издвои време за својата ќерка.

– Би требало да ја гледаш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа токму како и ти, истакна и таа.

Да се потсетиме, славниот актер на почетокот не ни веруваше дека Лулу е негова ќерка, па бараше ДНК тест. Но, кога беше докажано дека и е татко, на судот изјави дека не сака старателство над девојчето. Славниот актер контактот со синовите од претходните две врски уредно ги одржува.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....