23.8 C
Скопје
15:29 - 29 септември, 2026

Љубовната приказна на еден од најголемите холивудски заводници, актерот Метју Меконахи: Бракот не е дестинација, туку авантура која ќе трае до крајот на животот

Нивната љубовна приказна била поинаква уште од самиот почеток. Парот одлучил да се венча дури две години откако го добиле своето второ дете. За време на 14 години заеднички живот, Метју и Камила одлучиле се да биде на нивен начин, без брзање.

Иако снимил многу романтични филмови, Метју Меконахи никогаш не помислил дека ќе доживее романса во вистинскиот живот. Во 2006 година тој не ја барал љубовта на својот живот, бил сосема задоволен сам.

https://www.instagram.com/p/Bzn8bG-hAOM/?utm_source=ig_embed

Но, додека една вечер бил во бар со своите пријатели, Метју забележал жена која го воодушевила и веднаш сфатил дека вреди да се запознае. Тој ѝ пришол и ја замолил да се придружи на нивната маса.

Тука започнала вистинската љубовна приказна. Метју и денес тврди дека уште тогаш знаел дека сака да се „забавува“ цел живот со оваа жена.

https://www.instagram.com/p/CAnXsn-nQsk/?utm_source=ig_embed

Не мора љубовта да е на прв поглед. Камила тврди дека се заљубувала постепено, но неизбежно. Кога таа вечер и пришол русокос маж, Камила не ни помислила дека станува збор за славниот актер. Не го препознала. Дури кога им се придружил заедничкиот пријател Ленс Армстронг, сфатила за кого станува збор. Толку се исплашила од целата ситуација, што сакала да побегне од него. Меѓутоа, тој не сакал да ја испушти од видик ниту една минута.

Пред да се венчаат, Метју и Камила имале веќе 2 деца. Во јули 2008 година го добиле синот Леви, а во јануари 2010 година ја дочекале и ќерката Вида.

https://www.instagram.com/p/CALJmErFuik/

Нивната љубов била очигледна, но Метју посакал да се венча со Камила, па ја запросил на Божиќ во 2011 година. Иако не го очекувала тоа, Камила сепак рекла „ДА“.

Парот венчавката ја одржал во нивната куќа во Тексас на 9 јуни 2012 година. Скромно и со мал број на гости, парот максимално уживал во церемонијата. Нивниот син Леви ги носел бурмите, додека ќерката Вида била задолжена за цвеќето.

https://www.instagram.com/p/B9o9KEdBlPZ/

Камила и Метју се совршен тим и сфатиле дека бракот не е дестинација, туку авантура која ќе трае до крајот на животот.

https://www.instagram.com/p/B5om9fzlPp4/

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....