31.3 C
Скопје
12:56 - 21 јуни, 2026

Погледнете го моментот кога вселенското летало на НАСА намерно удира во астероид: „Ова е историја“

НАСА ноќеска испиша историја со изведбата на „првиот планетарен тест за одбрана“ на нашата планета од удар на астероид.

– Ова е за историја – рекоа од НАСА.

Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со NEO – термин на НАСА за „објект блиску до Земјата“ – астероид или комета – што би можел да се приближи до орбитата.

Во 01:14 часот по македонско време, леталото DART успешно удри во астероидот Диморфос.

Последните снимки што леталото ги испрати на Земјата пред ударот се импресивни и детално може да се види површината на самиот астероид.

DART (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која ја пренасочи патеката на опасен објект во директен експеримент за да се спречи негово влијание врз Земјата, изјави директорот на вселенската мисија Томас Зурбухен.

– Во својата основа, DART претставува огромен успех за планетарната одбрана, но исто така е и мисија на единство со вистински придобивки за човештвото – рече директорот на НАСА Бил Нелсон и додаде дека освен што ги проучува вселената и Земјата, НАСА работи и тој дом да го заштити.

Леталото низ вселената летало 10 месеци пред да се удри во малиот астероид со пречник од 160 метри синоќа. Диморфос е всушност сателит на поголемиот Дидимос, кој има дијаметар од 780 метри, а ниту еден од овие астероиди не претставувал закана за нашата планета.

По успешниот кинетички удар, научниците сега ќе го проучуваат малиот астероид со телескопи за да потврдат дека ја промениле неговата орбита околу Дидимос. Се очекува дека тие ја промениле орбитата за 1 отсто, или ја скратиле за 10 минути.

– Сега знаеме дека можеме да насочиме летало со доволно прецизност за да можат да погодат дури и мали тела во вселената. Само мала промена во нивната брзина е доволна за да се направи голема промена на траекторијата на одреден астероид – изјави Зурбухен.

Слични објави

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova
Се вчитува....