16.8 C
Скопје
23:30 - 1 мај, 2024

Роберт Де Ниро: Како тинејџер бил член на италијанска банда, а подоцна се прославила со улогите на мафијаш

Роберт Де Ниро ја освои наградата за животно дело во филмската индустрија на престижните награди Screen Actors Guild (SAG). Славниот актер познат е по тоа што посветено се припрема за своите улоги. Живеел во Сицилија, добил килограми, ги средил забите, а најдобро ги одиграл оние на мафијаши и тоа без проблем, благодарение на растењето во Мала Италија, во која едно време бил и член на банда. За време на својата кариера има снимено многу филмови, а најмногу соработка имал со Мартин Скорзе, чиј филм „The Irishman“ моментално го промовира.

Токму со тој филм Де Ниро се врати на местото кое толку заслужено му припаѓа со веќе проверениот тим – Ал Пачино, Џои Песици и Мартин Скорзе, а се благодарение на Netflix кои се одлучи да вложи 140 милиони долари во нивната идеја и притоа потполно да им ги одврзат рацете и да им дозволат да направат што сакаат. Тоа и го направиле во филмот кој трае неверојатни 3 часа и 30 минути.

Роберт Ентони Де Ниро Џуниор роден е на 17 август 1943 година во Њујорк. Неговите родители биле уважени уметници кои се запознале на часови по сликарство. Неговата мајка Вирџинија Адмирал била надарена сликарка која завршила во Беркли и станала ценето име на уметничката сцена во Њујорк во 40-те и 50-те години на минатиот век, а неговиот татко Роберт Де Ниро бил сликар, скулптор и поет кој критичарите го обожавале. Биле познати како златниот пар на уметничкиот круг во Њујорк, но сепак не издржале долго заедно и се развеле во 1945 година кога Де Ниро имал само 2 години. Поголемиот дел од детството го поминал покрај својата мајка која за да го прехрани и му овозможи образование, работела различни работи.

На само 10 години Де Ниро го имал својот прв настап и тоа глумејќи го лавот во „The Wizard of Oz“. Не многу после тоа бил примен во престижното училиште во Њујорк, High School of Music and Art, но како што признал подоцна, никогаш не можел да се вклопи во натпреварувачката атмосфера која владеела во училиштето, поради што само неколку дена подоцна одлучил да се запише во јавно училиште.

View this post on Instagram

Mob ties. #TuffGuyMedia

A post shared by TuffGuy (@tuffguymedia) on

Но, ниту овде не издржал многу. Кога сфатил дека училиштето не е нешто што го интересира, тогаш како тинејџер се свртел кон „темната страна“ па се приклучил на италијанската улична банда која му го дала надимакот Боби Милк, поради неговите светли прамени. Иако ниту со нив не поминал многу време, бидејќи едноставно немал таков карактер, токму животот со бандата му помогнал многу години подоцна да се соживее со улогите на италијански мафијаш, преку кои на крајот се прославил.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....