27.8 C
Скопје
15:46 - 8 мај, 2024

Пејачката Тајчи емотивно за средба со обожавателка: Ѝ се потпишав на моја касета од 1991 година! (ФОТО)

Татјана Камерон (49), уште попозната како Тајчи, на својот профил на социјалните мрежи им се пофали на своите следбеници како на еден свој концерт запознала девојка која веќе долга низа на години ја следи нејзината музика.

– Ова е Тина. Таа и нејзината мајка дојдоа на мојот концерт во неделата. Тина мораше да го напушти својот дом во Сараево поради војна, токму како и илјадници други луѓе. Пораснала слушајќи ги моите песни. По речиси 30 години јас и се потпишав на мојата касета „Бубе су у глави“, мојот втор албум од 1991 година“, напиша пејачката.

Тајчи вели дека во изминативе 30 години слушнала многу приказни за девојки кои ги слушаат нејзините песни и со години ги чуваат нејзините албуми. 

Фото: Принтскрин

Пејачката додава дека е неизмерно благодарна поради тоа што токму нејзините песни биле причина некогаш да измами нечија насмевка.

Тина и милион други жени како неа секогаш беа причината поради која пеам. Тие беа и причината зошто дојдов во Америка и пораснав во силна жена“, пишува Тајчи на Инстаграм.

Иако за крај пишува дека не ја знае приказната за жената која и се доближила на концертот, Тајчи додава оти таквите жени за неа сепак се инспирација.

Слични објави

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо

Тони Бијелиќ веднаш се огласи по веста дека ја моли Драгана да се смират

Еспресо

(Видео) Гледачите на Евровизија шокирани! Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале од годинашното издание

Еспресо

Пукање пред вилата на раперот Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

еспресо

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо
Се вчитува....