08:04 - 9 ноември, 2026

Ослабе 12 килограми и го „фрли“ алхохолот! Борис Џонсон на пат да се трансформира поради сопругата

За првпат Борис Џонсон се согласи да тргне на патот „без алкохол“. Веројатно настаните што се случија во последните две години, вклучително и тешката битка против Ковид, го зближија премиерот со сопругата. 

Британскиот премиер одлучи да ја поддржи својата сопруга за време на бременоста со елиминирање на алкохолот до времето на раѓање на бебето.
На тој начин Џонсон сака да ја покаже својата солидарност кон жена му, ама и љубов кон нероденото дете – со вистински романтичен гест.

Па така тој ќе остане без вино, без пиво и без виски додека не се роди бебето, кое ќе биде второ дете за г -ѓа Џонсон, додека седмо за него.

Изборот да се откажете од алкохолот, во реалноста, оди рака под рака со личната битка што премиерот одлучи да ја преземе откако се разболе од Ковид-19, имено да се врати во форма што е можно поскоро.

Всушност, болеста го натерала да размисли многу повеќе за неговото здравје и, следствено на тоа, да си постави нови цели, што резултираше со поздрав начин на живот. Затоа им кажал збогум на вечерните закуски обично базирани на сирење, чоколадо и салама, а му кажал добредојде на спортот и на здрава храна. Пат кој, колку и да е тежок, веќе се исплатеше: Џонсон ослабе 12 килограми!

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....