10:38 - 29 ноември, 2026

„Се заситив од предавство“: Сајмон Галуп, басистот на бендот „The Cure“, го напушти бендот по четири децении

the cure сајмон галуп

61-годишниот музичар Сајмон Галуп ја објави својата разделба во кратка изјава во саботата.

„Со малку тешко срце, јас повеќе не сум член на „The Cure“! Им посакувам среќа на сите“, напиша тој на „Фејсбук“.

Кога еден следбеник побарал информации, Галуп коментирал дека „се заситил од предавство“, без дополнително објаснување.

„The Cure“, основан во 1978 година, јавно не одговори на објавата. Како и да е, колегата од бендот Роџер О’Донел на „Твитер“ во саботата се осврна на заминувањето на Галуп.

„Еден пријател само што ми рече дека го виделе Лол во „Гитарскиот центар“ како купува бас ???????“ напиша О’Донел (65), навидум повикувајќи се на ко-основачот и поранешен тапанар Лол Толхерст.

Галуп првпат го напушти бендот во 1982 година, само четири години по нивното основање, но Смит го врати назад во 1984 година – и бендот продолжи да издава плочи како „Disintegration“ (1989) и „Wish“ (1992) заедно.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....