13.8 C
Скопје
06:10 - 22 септември, 2026

ОД ПЕСНА ДО ПАКЛА КАНАБИС: Џастин Бибер лансираше производи со марихуана за помош со менталното здравје

Џастин Бибер влезе во индустријата за канабис лансирајќи пакетчиња од 32 долари со „сролани“ џоинти по име „Peaches“

Џастин Бибер најави партнерство со компанијата за канабис „Palms“ со седиште во Лос Анџелес, за да произведе пакувања со седум џоинти, кои првично ќе се продаваат само во Калифорнија, каде што рекреативната употреба на марихуана е легална за постари од 21 година, пренесува „Гардијан“.

Канадскиот пејач рече дека сака да лансира сопствен асортиман на производи од канабис за да помогне да се отстрани стигмата поврзана со билката и се надева дека неговата употреба може да им помогне на младите луѓе со проблеми со менталното здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

„Јас сум фан на „Palms“ бидејќи го прават канабисот достапен и помагаат да се дестигматизира – особено за многу луѓе кои сметаат дека е корисен за нивното ментално здравје“, вели Бибер во изјавата. „Сакав да се уверам дека правам нешто со нив што е искрено, а „Peaches“ е добро место за почеток“.

Производот е именуван по хитот на Бибер во март 2021 година, „Peaches“. Текстот на песната започнува: „Купувам праски во Џорџија, купувам трева од Калифорнија“.

„Мислев дека луѓето се обидуваат да направат да се чувствувам лошо кога уживам во трева“, изјави Бибер за „Вог“. „Но, сега најдов место во мојот живот за производи од канабис кои беа корисни во моето човечко искуство“.

Слични објави

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Еспресо

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо

„Се молат мама и очувот“: Џина Џиновиќ се огласи по враќањето во Белград, една работа посебно ѝ падна тешко

E.A.

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

E.A.
Се вчитува....