12.8 C
Скопје
06:25 - 13 октомври, 2026

НОВА ПЕСНА од „ПИНК ФЛОЈД“ по ТРИ ДЕЦЕНИИ: Целата заработка од песната ќе биде донирана во хуманитарна помош за Украина

Англиски рок-група, препознатлива по психоделичната или спејс рок музика „Пинк Флојд“  ја промовираа својата нова песна и видео запис по речиси три децении пауза во знак на поддршка за Украина.

Песната „Hey, Hey, Rise Up“ содржи семпл од Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“, што е прва оригинална музика од „Пинк Флојд“ од албумот „The Division Bell“ од 1994 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink Floyd (@pinkfloyd)

Целата заработка од песната ќе биде донирана во хуманитарна помош за Украина.

Покрај оригиналните членови Дејвид Гилмор (гитара/вокал) и Ник Мејсон (тапани), дел од поставата се и басистот Гај Прат и клавијатуристот Нитин Соуни, кои ја снимиле песната на 30 март.

„Се надеваме дека песната ќе добие голема поддршка и публицитет. Сакаме да собереме донации за хуманитарни организации и да го кремеме моралот. Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Украина и да покажеме дека најголем дел од светот мисли дека е погрешно една суперсила да нападне независна демократска држава“, изјавил Гилмор, кој настапил со „Бумбокс“ во Лондон во 2015.

По смртта на клавијатуристот Ричард Рајт во 2008, Гилмор беше дециден дека „Пинк Флојд“ веќе нема да прави нова музика, но вели дека инвазијата на Украина го премислила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink Floyd (@pinkfloyd)

„Моите внуци имаат и украинско потекло, бидејќи мојата снаа Јанина е Украинка, чија баба беше во Харков до пред три недели. Му се јавив на Ник и му реков дека сакам да направам нешто за Украина под името „Пинк Флојд“. Многу е важно луѓето да разберат што се случува таму“, изјавил Гилмор.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо
Се вчитува....