13:36 - 9 ноември, 2026

НИКОЛАС КЕЈЏ ОД БОГАТАШ ДО СИРОМАШЕН: Имал дури 150.000.000 долари на сметката, па банкротирал!

николас кејџ

Богатството на холивудската sвезда Николас Кејџ некогаш се проценуваше на 150.000.000 долари, а денес е шест пати помалку затоа што од досада купувал куќи, имоти, автомобили и „извртени“ и прилично скапи работи, како што е колекција на намалени пигмејски глави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bar Scialapopolo (@barscialapopolo)

Тој потроши многу пари за купување недвижности низ целиот свет. Славниот актер во еден момент поседуваше 15 куќи, вклучувајќи замоци во Англија и Германија, како и имот вреден 25.000.000 долари во Калифорнија.

Тој купил остров на Бахамите и една од најпроколнатите куќи во Америка, која се наоѓа во Њу Орлеанс. За својот имот моментално должи 6.300.000 долари данок.

Како страствен колекционер на автомобили, тој некогаш имал дури девет Ролс Ројс и Ламборџини во вредност од 450.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Cage (@nicolascoppola.cage)


Она што е тешко да се објасни е потребата да се купат некои од „извртените“ работи.

Актерот поседува череп од диносаурус стар 70.000.000 години, вреден 276.000 долари, гробница во форма на пирамида висока околу три метри во која сака да биде погребан, и октопод во вредност од 150.000 долари, кој наводно му помага во глумата.

Тој, исто така, поседува завидна колекција стрипови вредни 1.600.000 долари, која го вклучува првиот стрип за Супермен кој го плати 150.000 долари.


Тој го обвини својот поранешен партнер Самуел Левин за загубата на неговото богатство, кого го тужеше и за ризични инвестиции кои завршија со големи загуби.

Левин еднаш изјави дека Кејџ „троши неконтролирано“ и дека треба да заработува 30.000.000 долари годишно за да го одржи својот животен стил.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....