15.8 C
Скопје
01:06 - 30 септември, 2026

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ПРИ ПРАВЕЊЕ ЗИМНИЦА: Надминете се себеси оваа сезона

зимница

Правењето зимници е работа која бара многу време, па често ги собира сите членови на семејството за да може секој да направи по нешто.

Затоа правењето зимници, исто така, има психолошки ефект и не е најпријатно кога, покрај целиот вложен напор, зимницата ќе се расипе предвреме. Ова се грешки што повеќето луѓе ги прават, и ве советуваме како да ги избегнете.

зимница

Не ги стерилизирате теглите правилно

Никогаш не треба да го прескокнувате овој чекор, бидејќи ако шишињата или теглите не се 100 проценти чисти, вашиот напор може да бидат залуден.

Прво, добро измијте ги теглите со сјај за садови, и кога малку ќе се исцедат, избришете ги со памучна крпа. Потоа, загрејте ја рерната на максимум 100 степени, наредете ги теглите во тава така што нивниот отвор да биде свртен надолу и загрејте ги максимум 20 минути.

зимница

Користите презрел или оштетен зеленчук или овошје

Важно е плодовите што ги избирате за зимата да бидат цврсти и да не бидат оштетени. Важно е убаво да ги измиете намирниците и да ги исецкате непосредно пред да започнете со правење на зимницата.

зимница

Не ги затворате теглите правилно

Дел од испитот на кој повеќето домаќинки паѓаат е секако, доброто затворање на теглите и стерилизација на капакот. Важно е да не го заборавите овој чекор. Најдобар начин за стерилизирање на металните капаци од теглите е да ги оставите да се варат во врела вода. Внимателно и цврсто затворете ги теглите, доколку не можете сами оваа задача препуштете му ја на некој друг.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....