17.8 C
Скопје
18:31 - 18 октомври, 2026

НИКОЛ КИДМАН ЗА ДЕПРЕСИЈАТА: Ставив камења во џебовите и отидов кон реката

Во 2001 година по разводот со Том Круз, Никол Кидман ја толкуваше Вирџинија Вулф во „The Hours“. Актерката откри дека страдала од депресија за време на снимањето на филмот. Многу работи тогаш, пред речиси две децении, се поклопија со Никол, па вели дека тогаш била како сунѓер што ги впива мислите на самоубиствениот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thomas Haas (@conejothomas)

Филмот ја прикажува борбата на Вулф со менталното здравје додека ја пишува „Госпоѓа Даловеј“, како и нејзиното самоубиство со давење во река во 1941 година. Тоа било сцена која Кидман инсистирала да ја сними сама, без каскадерка, изјави актерката за радиото на „Би-Би-Си“.

Зборувајќи за таа сцена во „The Hours“, Кидман рече: „Не знам дали некогаш помислив дека е опасно, верувам дека бев целосно во мојот лик. Ги ставив камењата во џебовите и отидов во реката. И така повторно и повторно. Веројатно не ни помислив дека може да биде ризично“.

(ФОТО+ВИДЕО) НИКОЛ КИДМАН ПОВТОРНО МЕТА НА КРИТИКИ: До каде со ботоксот?

„Значи, идеите на Вирџинија, мислам, протекоа низ мене, токму кога бев целосно отворена за такви мисли. И мислам дека Стивен (Далдри, режисерот на филмот) беше многу нежен кон мене затоа што го знаеше тоа. Бев целосно отворена за да можам да го разберам ликот што го глумам, но тоа е, во суштина, убавината на актерскиот живот“, изјави Кидман.

„The Hours“ во кои Кидман глумеше покрај Мерил Стрип и Џулијан Мур ѝ донесе Оскар за најдобра актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by my dear (@_.frankly._)

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....