33.8 C
Скопје
15:51 - 9 септември, 2026

НАОМИ КЕМБЕЛ: Точно знае од што се откажа за да биде меѓународно познат супермодел

наоми кембел

Наоми Кембел точно знае од што се откажала за да биде меѓународно познат супермодел.

„Би рекла дека жртвата е сродната душа што ќе ве разбере“, рече манекенката (51) за „The Cut“ во интервју објавено во понеделникот.

Кембел, која никогаш не била во брак, додаде: „Јас сум силна, но исто така сум чувствителна. Знам дека во врските треба да правам компромис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Иако моментално е слободна, манекенката има список со бивши со „статус“

Во 1993 година, таа беше кратко свршена со басистот на „U2“, Адам Клејтон. Подоцна се вери со Флавио Бријаторе, контроверзен италијански бизнисмен, но тие се разделија во 2002 година, по четири години заедно.

Кембел, исто така, била поврзуваше со Леонардо Ди Каприо, Ашер и Роберт Де Ниро во минатото – како и поранешниот пејач на „One Direction“, Лијам Пејн и британскиот рапер Скепта во последните години.

Иако никогаш не цапнала на лудиот камен, оваа година Кембел доби едно нешто што отсекогаш го сакала: мајчинство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

„Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка“, напиша таа кога го објави доаѓањето на нејзината ќерка на „Инстаграм“ во мај, продолжувајќи: „Чест ми е што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови да ја опишам доживотната врска што ја споделувам со тебе ангелу мој. Нема поголема љубов“.

Останува непознато кој е биолошкиот татко на бебето на Кембел, иако наводно била во тајна врска со американско момче скоро две години, според „The Sun“.

Слични објави

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо
Се вчитува....