00:12 - 29 ноември, 2026

Мет Дејмон заглавен во Ирска: Поради професијата не можев да сум покрај ќерка ми кога се разболе!

Холивудскиот актер Мет Дејмон (49) веќе некое време е „заглавен“ во Европа. Всушност, кога настанала кризата од пандемијата тој бил во Далкиј, мирно предградие на Даблин, каде го снимал својот нов филм, а поради забраната за патување бил приморан да остане во Ирска.

Инстаграм

Познатиот актер дал интервју за двајца ирски новинари, во кое признал дека моменталната ситуација го плаши, а открил и дека неговото семејство се соочува со вирусот.

Како што раскажал тој, неговата ќерка Алексија (21) била заразена со вирусот, а низ оздравувањето поминала без своето семејство, со оглед на тоа дека таа студира во Њујорк, а Мет во Ирска бил придружуван од сопругата Лусијана и ќерките Изабела, Џија и Стела.

Инстаграм

„Таа имаше Ковид19 многу рано, заедно со своите цимери, но помина. Сите се добро“, рекол Мет.

Тој исто така напоменал да се почитуваат мерките и сите да бидат внимателни.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....