20:15 - 8 ноември, 2026

Луксуз и гламур на свадбата на Надал (ФОТО)

Рафаел Надал и Марија Франциска Чиска Перељо се венчаа во саботата на еден од најскапите имоти во Мајорка.

Instagram

На венчавката што се најавуваше со месеци, меѓу најзабележените гости беше кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први. Иако се најавуваше дека на церемонијата ќе дојде со хеликоптер, тој дошол со автомобил, под силно обезбедувење.

Španski kralj stiđe na venčanje
Шпанскиот крал пристигнува на венчавката/фото: LLITERES POLLENCA / EPA

Модните критичари имаа полни раце работа, а некои од гостите посебно се издвоија со својот стајлинг.

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез беше беспрекорно облечен, како и неговата сопруга Сандра Гего, која во цветниот фустан изгледаше многу женствено. Одлично ги споила фустанот и сандалите, а зелениот појас беше вистински потег.

Фелисијано Лопез со сопругата/ фото: El pais

Меѓу гостите беше и шпанскиот тенисер Давид Ферер, кој се појави со сопругата Марта Торнел. Марта е позната по лежерниот стил на облекување, но за свадбата добро се подготвила.

Marta i David: pogledajte njen šešir
Давид Ферер и Марта Торнел/фото: CLADERA POLLENCA / EPA

Забележани беа и аргентинскиот поранешен тенисер Хуан Монако, кој се појави во популарните лежерни чевли што ги носат сè повеќе мажи, но кои не се по вкусот на сите жени. И неговата девојка Дајана Арнопулис доби позитивни коментари за стајлингот. Според модните критичари, Дајана била една од најдобро облечените придружнички на спортистите.

Dopada li vam se njihov stajling?
Хуан Монако со девојката: фото/CATI CLADERA POLLENCA / EPA

Еве како беа дотерани и некои други гости на свадбата.

rafaelnadalfans.com
El Pais

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....