14:51 - 1 април, 2026

Ким и Канjе ја продаваат својата куќа! (ФОТО)

Славниот пар одлучи да продаде една од своите недвижнини, а со оглед на тоа дека во потполност се разликува од онаа во која Ким и Канје живеат, никому не му е јасно зошто таа воопшто била нивна.

Откако ТВ-ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се вселија во својата гламурозна вила во Лос Анџелес, многумина се збунети од ентериерот во кој го поминуваат секојдневието. Нивниот семеен дом, скоро и да нема мебел, неодамна е потврдено дека нема никаде ни врата, па целата вила изгледа ладно, монотоно, а поединци на друштвените мрежи велат дека дури и е застрашувачки.

Profimedia

Поради таа причина нивната значително помала куќа во калифорнискиот Калабасас веќе на прв поглед е вистинско изненадување: таа изгледа како крајно едноставно и удобно семејно гнездо.

Како што јавуваат светските медиуми, парот за куќата од 210 метри квадратни, со три спални соби и четири купатила, бара 3,5 милиони долари.

Profimedia

Целиот мебел е правен по мерка, го украсуваат ефективни тапети кои се во ист тон со кујната, тука се и скапоцените лустери, како и едноставната трпезариска маса со столици без потпирач.

Profimedia

Ким Кардашијан ја купи оваа недвижнина уште во 2017 година за 1,6 милиони, а медиумите шпекулираат дека познатиот пар неодамна купил уште два стана, па најверојатно сакаат да се ослободат од едната недвижнина која не ја користат.

Profimedia
Profimedia

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....