11:16 - 28 ноември, 2026

Кантри ѕвездата Доли Партон напиша книга

доли партон книга автор

Најпозната кантри пејачка, Доли Партон го напиша својот прв роман, кој следната година ќе биде објавен од „Пингвин рандом хаус“.

„Трчај, Рози, Трчај“, е насловот за романот чија тема ќе биде млада жена која се сели во Нешвил за да ги оствари своите соништа за создавање музика, и е напишана во тандем од Партон и Џејмс Патерсон. Ќе биде објавена во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Партон ќе издаде истоимен албум заедно со книгата, составен од 12 оригинални нумери. Таа вели дека новите песни „се напишани врз основа на ликовите и ситуациите во книгата“ и нивните текстови исто така ќе бидат прикажани во романот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

„Беше чест и многу забавно, да се работи со неповторливата Доли Партон“, рече Патерсон, кој има продадено повеќе од 300 милиони книги. „Она што воодушевува во врска со овој проект е дека читањето на романот се подобрува со слушање на албумот и обратно. Тоа е навистина уникатно искуство“.

Извор: „Гардијан“

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....