05:39 - 29 ноември, 2026

„Како да сме родени тука“: Девојките од „Фрајле“ уживаат во нашата земја, а македонската публика е подготвена за нивниот концерт

Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Frajle (@thefrajle)


Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Frajle (@thefrajle)

„Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа – велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури..

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....