08:43 - 8 ноември, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) НОВА ИНКАРНАЦИЈА НА БЕТМЕН: Курт Кобејн е инспирацијата

бетмен

Можеби се сеќавате дека првиот трејлер за Бетмен беше придружен со верзија на „Something In The Way“ на Нирвана, но влијанието на иконскиот гранџ бенд оди многу подалеку. За време на разговорот со „Empire“, режисерот и ко-сценарист на Бетмен, Мет Ривс, рече дека фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, всушност ја инспирирал оваа најнова инкарнација на Брус Вејн.

Кога пишувам, слушам музика и додека го пишував првиот чин, ја пуштив „Something In The Way“ на Нирвана. Тогаш ми дојде инспирација, наместо да го напишам Брус Вејн во верзијата на плејбој што сме ја виделе претходно, има друга верзија која поминала низ голема трагедија и станала осаменик. Така, почнав да ГИ поврзувам „Last Days“ на Гас Ван Сант и идејата оваа измислена верзија на Курт Кобејн да биде во некаквА СОСТОЈБА на распаѓање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Batman (@batman)

Мет Ривс бил убеден дека Роберт Патинсон е вистинскиот избор за Брус Вејн вдахнат од Курт Кобејн во Бетмен кога првпат го гледал „Good Time“ од браќата Сафди.

„Во тој филм навистина може да ја почувствувате неговата ранливост и очај, но може да ја почувствувате и неговата моќ“, објасни Ривс. „Мислев дека тоа е одлична мешавина. Тој исто така ја има онаа карактеристика на Курт Кобејн, каде што изгледа како рок-ѕвезда, но исто така чувствувате дека може да биде осаменик“.

(ВИДЕО) 20 ГОДИНИ ПОДОЦНА: Објавен е првиот трејлер за Хари Потер: Враќањето во Хогвортс

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....