23.8 C
Скопје
15:27 - 29 септември, 2026

(ФОТО) СЕКОГАШ ШИК БЕЗ МНОГУ МИСЛЕЊЕ: Следете ги модните правила на Брижит Макрон кога одите на шопинг!

Французинките се сметаат за олицетворение на она што претставува шик стил, а можеби и најдобриот претставник на тој стил што ja карактеризира „ла републик“ е токму првата дама на републиката – Брижит Макрон.

Модата која доаѓа од главниот град на стилот може да се опише како едноставна шик или шик без многу напор, но веќе сте забележале, зборот шик е секогаш неизбежен!

Фото: Профимедиа

Ако и вашиот гардеробер е полн парчиња со потпис на Луј Витон – како првата дама на Франција, со голема леснотија ќе постигнете шик впечаток.

Фото: Профимедиа

Како и да е, доколку немавте „инсајдерски“ информации како нас и не знаевте дека Брижит за своите комбинации избира парчиња исклучиво со потпис на Луј Витон, веројатно не би ни забележале дека има гардероба вредна илјадници евра, но она што дефинитивно би го забележале е дека првата дама Франција никогаш не изгледа премногу „накитено“, туку секогаш елегантно и модерно, без премногу напор.

Фото: Профимедиа

Најдобро од сè е што и вие ќе можете лесно да го постигнете овој изглед ако обрнете внимание на одредени стилски правила на кои Брижит секогаш се придржува, а кои се многу едноставни.

Фото: Профимедиа

Следете ги нејзините примери за постигнете секојдневен шик изглед како вистинска француска дама.

Фото: Профимедиа

Монохроматика и слоеви

Монохроматски изглед кој вклучува стилизирање на парче со ист тон е еден од најстарите трикови во кој било водич за стил. Овој моден потег вклучува формула врз основа на која нема шанси да се погреши кога, да речеме, некаде брзате или не сте сигурни што треба да носите. Изгледот е подигнат на повисоко ниво ако бојата на мантилот или палтото целосно се вклопи во остатокот од стајлингот.

Фото: Профимедиа

Една ефективна боја
Понекогаш само тоа е доволно. Секако, мора да водите сметка дека остатокот од стајлингот е поврзан со таа боја, но ако не сте сигурни како, ние ви даваме примери директно на првата дама на Франција – нејзината тајна е сината боја (во сите тонови).

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....