01:28 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) МАКФЕСТ 2021: Еве што очекува од настапот и како ќе изгледа на сцена Полина Тасева

Младата (и преубава) пејачка Полина Тасева е најдоброто освежување што му се случи на фeстивалот Макфест во последниве неколку години, откако лани таа блесна и одлично испеа на сцената. Минатата година Полина освои награда за дебитант на фестивалот.

Годинава, Полина повторно ќе ја гледаме на макфестовската фестивалска сцена, во Штип, на 18. септември, овојпат со песната „Огледало“.

Сигурни сме дека нема да нè изневери ни со гласот ни со сценскиот изглед.

Како се подготвуваш за Макфест?

– Во добро расположение, фокус на интерпретацијата и моето претставување. Возбудата е присутна која ме прави нетрпелива да дојде сабота и да се петставам на овој реномирам фестивал во нашата земја.

Со која композиција ќе настапиш и на која тема е лириката?

– Копозицијата е со наслов „Огледало“. Темата го отсликува името на песната, се работи за сопствената индивидуа која реалноста за себе ја гледа во огледалото и се соочува. Автори сме јас и Иван Петровски, заедно како тим работиме на музиката, текстот и аранжманот како на оваа и на останатите песни кои ги подготвуваме за албум во наредниот период.

Што очекуваш од настапот и воопшто, од фестивалот?

– Најважно ми е што ќе се претставам повторно оваа година на овој фестивал, очекувањата се секогаш позитивни, а наградите добредојдени. (се смее, н.з)

Во што ќе бидеш дотерана на сцената?

– Ќе носам креација од модниот дизајнер Папаз кој е извонреден во својата работа и секогаш умее да одбере за мене тоа што најдобро ми прилега.

Во кого гледаш конкуренција? Кој е твој фаворит годинава?

– Колегите пејачи што ги ценам се сите со големо искуство и со свој печат на македонската естрада што го оставиле со својата музика. Им посакувам успеси на сите, заеднички соработки и многу музички желби исполнети. Фаворит ми се сите што искрено ја сакаат и почитуваат музиката.

ФОТО – ХРИСТИНА ТРАЈКОСКА

ФОТО – ХРИСТИНА ТРАЈКОСКА 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....