11.8 C
Скопје
13:56 - 25 април, 2024

НАШЕТО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО: Носиите не се само културно наследство туку и модна традиција низ вековите

народни носии

Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот поддржан од министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас.

На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден. Излагање свое преку видеа со презентирање на моделите и инспирација од одредени декади имале сегашни и дипломирани студенти при ТМФ и гардероберот на КУД Илинден кој говорел за градските и селските носии во минатото.

народни носии
Фото: Промо

– Основната динамика на изгледот без разлика дали е историски костим или мода, е базирана врз фактот што најголемото влијание доаѓа од социоекономските прилики, но и климатските услови. Од голема важност за секое општество е да го сочува со особена грижа и внимание своето наследство, кај нас конкретно народните носии, бидејќи тие се важен дел од нашата историја и идентитет. Моментално нашата модна сцена е во фаза на продуцирање на голем број дизајнери, на некои од нив им претстои интересна иднина, но само доколку се воспостави релација помеѓу креативните сили и индустриските капацитети, без тоа се ќе остане само на ниво на независни дизајнери кои произведуваат интерсни креации во мали количини. Тоа е од една страна добро, на земјата и треба независна модна сцена, но исто така и треба и успешен локален бренд на индустриско ниво, рече професорката Георгиева.

За Димитровски македонските носии се грижливо чувана модна традиција која го отсликува секој период и општествените промени во земјава.

– Во нашиот фонд или збирка носии имаме оригинални купувани од терен, и реплики изработени од природни материјали. Грижата за нив е специфична и е тешко да се одржуваат. Некои од оригиналите, како женската носија од Смилево, датираат од крајот на 19 тиот век, а се откупувани од терен и надградувани од основањето на ансамблот до денес. Носиите се значајни за соодветна и автентична презентација на богатиот репертоар кој го има нашиот ансамбл, а се состои од сценски адаптации, обичаи и стилизации најмногу на накитот бидејќи е навистина тешко да се најде на овие простори, но и на самите носии. На пример машките носии задолжително имаат волнен појас кој денеска е заменет со ремен, покрај селските носии постојат и градски носии кои на пример се карактеристични за битолскиот крај, вели Димитровски.

народни носии
Фото: Промо

Македонската традиционална носија во минатото е белег на едно време кое е важно за македонската историја и нејзините почетоци. Токму од тогаш носијата претставува едно богатство кое е изразено преку бројноста и разновидноста на облеките, како и преку начинот на нивното украсување, носиите се дел од материјалната култура на Македонскиот народ со вековна традиција.  Македонските дизајнери може слободно се приклучат кон информативната платформа Традарт.мк и директно ќе ги кажат своите ставови и ќе бидат инспирирани од минатото се со цел да се зачува македонската традиција и култура преточена во едно ново дизајнерско руво.

Слични објави

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо
Се вчитува....