3.8 C
Скопје
01:32 - 19 април, 2024

РАЗГОВОР СО ИВА МАТИЌ, ПИЛОТ НА АВИОН НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ: Уживам на небото во магичните пурпурни зајдисонца и секогаш различните изгрејсонца

Не е лесен патот до цивилната авијација, особено ако доаѓате од држава како нашата, која не е дел од официјална Европа и каде што авијацијата треба уште многу да се развива. Сепак, нашата Ива Матиќ го изоде тој пат и успеа да стане пилот на авион на комерцијални летови.

Храбрите ги прават промените и го движат светот напред. Таква храбра жена е Ива Матиќ, прва жена пилот во Армијата и прва жена пилот на хеликоптер, а од неодамна и пилот на авион на комерцијални летови.

Ти се исполни сонот, после четири години успеа да станеш и пилот на авион на комерцијални летови. Низ што сè помина за да стигнеш до лиценцата?

– Четири години од првата помисла да поминам од хеликоптери на авиони, инаку две и пол години обука, која требаше да биде во траење од една и пол година, меѓутоа заради глобалната ситуација завршувањето на тренингот се пролонгираше.

Инаку, во текот на овие две и пол години имав теоретски испити кои беа прилично обемни, а имав многу кратко време за нивно подготвување –  во 8 месеци имав 14 испити, и летови на три различни типови на авиони со цел учење на процедурите и сите потребни вештини за управување на авион во цивилниот дел од авијацијата. Ова е прилично општо објаснување, ако навлезам во детали ќе ми требаат неколку страници за да опишам низ што сѐ поминав. Не е лесен патот до цивилната авијација, посебно ако доаѓате од држава како нашата, која не е дел од официјална Европа и каде што авијацијата треба уште многу да се развива.

Летањето со таа голема птица, ноќе под небо без облаци, а полно со ѕвезди, или летање над слој од стратуси кои изгледаат како големо бело памучно море, носи моменти кога сѐ е толку смирено, чувството за планетата исчезнува, како да летаме сами во интерпланетарниот простор.

Девет години си пилот, почнувајќи од Армијата на РСМ, како прва жена пилот на хеликоптер. Но што беше магичноста во предизвикот да се стане пилот на комерцијални летови?

– Повеќе часови поминати во воздух и, секако, летањето со таа голема птица која е инженерско совршенство, ноќе под небо без облаци, а полно со ѕвезди, или летање над слој од стратуси кои изгледаат како големо бело памучно море. Во такви моменти сѐ е толку смирено и чувството за планетата исчезнува, како да летаме сами, сами во интерпланетарниот простор. Потоа, тука се магичните пурпурни зајдисонца, и секогаш различните изгрејсонца… И уште многу други глетки, чувства и искуства за кои можам да зборувам со часови.

И сега, кога ја имаш лиценцата в раце, што понатаму? Имаш ли веќе некоја понуда?

– Низ целиот мој тренинг јас бев дел од програма за една многу позната авиокомпанија, која што е добро позната на македонската јавност. Компанија чија заштитна боја е магента.

Зошто ја избра баш таа авиокомпанија?

– Ги избрав токму нив затоа што имаат многу дестинации, ми се допаѓа културата на компанијата како позитивноста и отвореноста, имаат прилично „млада“ флота, авионите се нови, постојано се развиваат и прошируваат, и има многу можности за професионално развивање.

Да се биде пилот на комерцијални летови овозможува да се патува многу. Дали со ова ќе добиеш можност да бидеш и турист во повеќе земји, меѓу два лета, или сепак станува збор за „тесна“ сатница?

– Токму така. Авиокомпанијата за која ќе работам има прилично концентриран распоред. Меѓутоа, со самото тоа што сум пилот имам многу поволности, па секако ќе патувам многу, и приватно и професионално.

Што е со твојот љубовен живот, со оглед на тоа што се вели дека пилотите се како морнарите, и немаат само едно „пристаниште“. Кои се твоите планови на ова поле?

– Прв пат добивам вакво прашање. И одговорот ќе го задржам за себе.

 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....