20:42 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) АЛЕКСАНДРА АМБРОСИО ОБЛЕЧЕНА ВО БИКИНИ ЈА ЗАПОЧНА НОВАТА ГОДИНА: Бразилската манекенска ужива во родниот крај со своето момче

Поранешниот ангел на „Victoria’s Secret“ го прослави доаѓањето на новата година во бел костим за капење во својот роден крај. Алесандра Амбросио сподели фотографии на својот инстаграм -профил со кои и посака добредојде на новата 2022 година позирајќи на бразилските плажи во бикини. Иако следната година ќе наполни 40 години, манекенката изгледа како од почетокот на кариерата.


Алесандра Амбросио пред три години се прости од титулата ангел на „Victoria’s Secret“ и се посвети на својата линија на костими за капење која во последно време активно ја рекламира на социјалните мрежи.


Празничните денови Амбросио ги искористи за уживање во родниот Бразил посетувајќи ги најубавите плажи и природните убавини на Бразил, во преден план се и нејзината младешка фигура и предизвикувачки костими за капење.


Познатата манекенка во минатото ги крадеше воздишките додека ги носеше моделите на светски познатиот бренд „Victoria’s Secret“, а во последната година речиси редовно ја гледаме заедно со нејзиното 17-годишно момче Ричард Ли со кого се заедно една година.


Ричард е поранешен топ-модел, кој иако е во шестата деценија од животот, сè уште ги краде воздишките кај женската популација со своето извајано тело и одличниот изглед.

 

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....