05:38 - 31 јули, 2026

По Оскарите се одложува и 78-то доделување на Златен глобус

Свеченото доделување на филмските награди Златен глобус ќе се одржи на 28 февруари 2021 година, а не во јануари како што досега беше вообичаено, објавија организаторите.

Наградите Златен глобус ќе се доделуваат во викендот кој беше предвиден за доделувањето на Оскарите, а свеченоста на нивното доделување е поместена на 25 април.

Наградата Златен глобус ја врачува Асоцијацијата на новинари од странство, акредитирани во Холивуд. Се доделува еднаш годишно и според престижот е на второ место, по Оскарот.

Ритамот на холивудскта филмска индустрија целосно е пореметен поради пандемијата на коронавирусот, кој ги испразни киносалите во изминатите три месеци.

Организаторите за доделувањето на Оскарите исто така се сложија да го продолжат периодот на квалификации – од 31 декември оваа година до крајот на февруари 2021 година.

Доделувањето на наградите БАФТА, Британската академија за филмска и телевизиска уметност, исто така е одложено за 11 април.

Поради пандемијата, снимањето и пост-продукцијата на многу филмови кои требаше да бидат прикажани до крајот на годината, се одложени до неопределено време.

Доделувањето на Оскарите досега било одложувано само три пати – поради поплавата во Лос Анџелес 1938 година, поради убиството на Мартин Лутер Кинг во 1968 година и обидот за убиство на претседателот Роналд Реган во 1981 година.

Не е познато дали доделувањето на престижните филмски награди ќе биде одржано онлајн или во живо.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....