24.8 C
Скопје
15:25 - 30 април, 2024

Ако денот се познава по утрото граѓаните и овојпат нема да видат модерни изборни кампањи

Од утре и официјално тргнуваат изборните каравани натоварени со своите изборни ветувања. Речиси сите партии претходно обелоденија поголем дел од понудата. Дел од нив ги објавија и своите програми.

Според поранешниот антикорупционер Ариф Муса, граѓаните ќе бидат сведоци, на веќе видена кампања, со меѓусебни обвинувања за криминал и корупција, во која ќе нема рамноправност меѓу малите и големите партии дури и во користењето на рекламниот простор, било тоа да се билборди, телевизии, портали.

Со еден збор вели Муса, ќе нема модерна изборна кампања каква што доликува на една демократска држава во која треба да има вистински промени. Тој сместа дека и во оваа кампања партиите ќе потрошат многу пари.

-Реално не очекувам поинаква изборна кампања од претходните, во минатото. Корупцијата кај нашите партии е на високо ниво, така да и во оваа кампања ќе има „црни“ пари со кои ќе купуваат гласови. Потрошените пари за активисти на политичките партии, за нивните штабови, рекламниот материјал, не соодветствуаат со парите кои ги наведуваат во своите извештаи во кои се повикуваат на донации и чланарини. Очигледно е дека партиите трошат многу повеќе пари од наведените. Ако останат само на тие пари тогаш нема да бидеме сведоци на толку богати изборни кампањи – вели Муса.

Според Владимир Божиновски, оваа кампања ќе се разликува од другите пред се поради пандемијата од коронавируост. Поради тоа очекува партиите да потрошат помалку пари, бидејќи ќе нема митинзи туку ќе се одвива преку електронските медиуми. Математиката е дека на партиите најмногу финансии ќе им треба за ТВ спотови, а ќе заштедат од организацијата на големите митинзи.

-Проблемот кај нас е што сме сведоци и сега и во минатото дека секогаш партијата која е на власт се обидува да ги пренасочи државните пари кон партиската кампања, и за тоа очигледно нема решение. Идејата за државно финансирање на партиите е добра, бидејќи така нема да се зависни од други извори. Владата требаше да им ги даде парите 4,5 милиони евра. Од каде сега, особено опозициските партии да финансираат квалитетни изборни кампањи, вели Божиновски.

И Муса и Божиновски сметаат дека партиите треба да нудат реални остварливи програми. Според поранешниот антикорупционер партиите за тоа што го нудат во своите програми, нема ниту човечки ниту други ресурси во Македонија. Според Божинвски, соодносот меѓу ветеното и оствареното ќе придонесе за довербата во изборните програми на политички партиите.

А партиите почнаа да ги промовираат своите изборни програми. ВМРО-ДПМНЕ во Битола го обзнани Проектот „Обнова“ – во кој на 340 страници нуди над 1.000 проекти. Партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека верува дека македонскта економија можат да ја направат да биде прва на Балканот.

-Се обврзувам на раст на БДП од минимум 4 % секоја година, невработеност под 10 осто, повисоки плати за 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на реиндустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. Обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, креваат глава гордо и високо, и се исправаат, рече Мицкоски.

Од СДСМ најавуваат дека утре на првиот ден од изборната кампања, во Струмица лидерот на партијата Зоран Заев ќе има изјава за медиумите, каде ќе ја обелодени нивната изборна програма.

The post Ако денот се познава по утрото граѓаните и овојпат нема да видат модерни изборни кампањи appeared first on Слободен печат.


Ако денот се познава по утрото граѓаните и овојпат нема да видат модерни изборни кампањи was first posted on јуни 23, 2020 at 7:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....