07:28 - 22 ноември, 2026

Откриена најголемата тајна за „Игра на тронови“ !

Како и целиот свет и ние видовме како Бран го освои железниот трон, Џон отиде во засолниште, а телото на Денерис го однесе нејзиниот верен змеј Драгон.

Контроверзниот крај во најмала рака го подели светот, додека некои мислат дека ништо немаше смисла, логиката сепак постои. Всушност, кога Џон Сноу ја убива Денерис, актерот Харингтон објаснил како течел процесот за припремите и што било во главата на Џон за време на таа сцена.

Profimedia

„Тој не знаеше дека ќе ја издаде до самиот крај. Во главата на Џон остојат многу причини, но најважната е таа што сфатил дека Денерис ќе ги убие неговите сестри, па сето тоа се сведе на неговото семејство против неа“.

Креаторите на серијата, Д.Б. Вајс и Дејвид Бениоф, коментирале детали со Емилија Кларк и тука откриле зошто змејот го однел нејзиното тело, но и зошто го запалил и уништил прочуениот „Железен трон“. Всушност, Емилија Кларк рекла дека некој фанови ја информирале како змејовите ги јаделе телата на „газдите“ откако ќе починат, но Бениоф остро ја демантираше таа теорија.

Принтскрин

„Драгон нема никој да изеде! Не е тој мачка. Дали приметивте колку беше нежен спрема неа?“, рекол авторот, а потоа се вратил на теоријата на уништувањето на престолот, бидејќи многу мислеле дека Дрогон е повеќе од змеј и дека има можност да разбере некои работи, но Бениоф сепак даде едноставно објаснување:

„Ако Денерис не седи на него, никој нема!“

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....