03:54 - 10 ноември, 2026

Синот на Лепа Брена во врска со балдската на Вељко Ражнатовиќ! (ФОТО)

Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, веќе четири месеци е во љубовна врска со Бојана Родиќ, инаку сестра на Богдана Родиќ, која пред две недели се омажи за Вељко Ражнатовиќ.

– Се запознаа минатата зима на Копаоник. Прва Бојана „фрли“ око на Стефан и го направи првиот чекор. Тогаш разменија броеви и почнаа да се допишуваат, а тоа траеше долго. Дури летово се договорија да се видат и од тогаш се заедно – кажал извор близок на Стефан и Бојана.

 

View this post on Instagram

 

Wedding vibes ?

A post shared by Bojana Rodic (@bojana__rodic) on

– Бојана поради Стефан сè повеќе времето го поминува во Белград, но таа не го запоставила семејниот бизнис, па често со комбето разнесува пилиња од Тител до пазарот во Борча. Тоа на Стефан му е доста симпатично – изјавил истиот извор.

Инаку Стефан добил покана за свадбата на Вељко и Богдана која беше на 24 ноември и тогаш наводно требало со Бојана да се појави на таа прослава, меѓутоа, тој бил во Америка и не можел да присуствува.

 

View this post on Instagram

 

Studio čeka, vreme je za povratak i novu pesmu. ?

A post shared by Stefan Zivojinovic (@stefanzivojinovic) on

– Стефан е во одлични односи со Вељко и Анастасија, чии песни јавно повеќепати ги пофалил. Вељко го покани на свадба, но тој беше во Америка. Бојана цело време од свадбата му испраќаше видеа, дури му кажал дека некои другари на Вељко се обиделе да ја освојат. Двајцата се смееле на тоа, бидејќи се сигурни во својата љубов. Покрај тоа, и Стефан честопати го „стартуваат“ девојки на настапите, па Бојана не му прави љубоморни сцени – кажал изворот.

Мајката на Бојана наводно не сакала да ги коментира приказните дека нејзината ќерка е во љубов со Стефан.

– Не можам ништо да ви кажам за тоа. Забрането ми е да давам какви било изјави, не сакам ниту да потврдам, ниту да демантирам – кажала Данијела Родиќ.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....