НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The Gentlemen“ е криминалистичко акционо остварување кое вреди да се погледне!

Ако одамна не сте биле во кино за да ги почувствувате вибрациите на големото платно, можеби токму нашиот најнов предлог за филм ќе биде вистински мотив конечно да се одлучите на тој чекор.  

„The Gentlemen“ во режија на Гај Ричи, е филмот кој моментално се прикажува во светските, но и во нашите кино сали, а станува збор за криминалистичка акција со примеси на комедија која навистина вреди да се погледне.

Метју Маконахи, Чарли Ханам и Хју Грант се само дел од познатата актерска постава, која е дел од филмот кој го опишува бизнисот со марихуана на големите дилери (џентлмени).

Филмот веќе собра многу позитивни критики, а на угледната страница на IMDB, тој има оценка од 8,1 ѕвездички, додека на „Rotten tomatoes“, оваа криминалистичка комедија е опишана како „јасно и забавно акционо остварување со фасцинантни карактери“.

Краток опис за филмот:

Мики Пирсон (Метју Мекони) е Американски иселеник кој со текот на времето станува милионер, благодарение на тоа што успева да создаде сопствена „зелена империја“, која вклучува високопрофитабилни фарми со марихуана.

Интересно е тоа што сите негови садници со марихуана се сместени под земјата, а иако од нив заработува вистинско богатство, речиси никој и не знае дека тие навистина постојат.

Фото: IMDB

Во еден момент Пирсон носи одлука да се повлече од бизнисот и да продаде сѐ што има за вртоглава сума на пари, што ќе доведе до многу промени во подземниот свет.

Многумина почнуваат да пројавуваат интерес за овие плантажи со марихуана, меѓутоа, преку бројни измами и уцени се обидуваат да стигнат до „царството“ на Пирсон.

Во тој момент почнува и вистинската акција на џентлмените, кои меѓусебно се надмудруваат и се обидуваат да се надитрат.

Фото: IMDB

Целото дејство до одреден момент во филмот го раскажува Хју Грант, сѐ додека приказната не кулминира со него за на крај и самиот да стане дел од сите овие валкани работи кои со себе ги носи бизнисот со дрога.

Оригинални сцени и навистина многу смешни моменти, зачинети со акција и многу возбудувања, се дел од работите кои можете да ги очекувате во „The Gentlemen“, филмот кој дефинитивно нема да ве разочара доколку се одлучите да го погледнете.

Автор: Донев Михаило

Слични објави

Филмови кои не треба да ги пропуштите: Ова се најдобрите драми на Нетфликс (ВИДЕО)

Еспресо

Дејзи Ридли: Холивудските режисери ме етикетираа како „агресивна“ и „заплашувачка“

Еспресо

Македонија заразена од оскаровска треска: Кои се конкурентите на „Медена земја“

Еспресо

По 28 години ново продолжение од „Жикина династија“: Се враќа и дел од старата екипа

Еспресо

Десет моменти во кои Џејсон Момоа ги освои нашите срца (ФОТО)

Igor

По триумфот на SAG наградите може ли филмот „Паразит“ да дојде и до Оскар?

Еспресо

Остави Коментар

четири + дваесет =

Слични објави

Инфлуенсерите и туристите „полудеа“ по скалите од филмот „Џокер“!

Igor

Не се секогаш ривали: Овие актери се најдобри пријатели во вистинскиот живот

Еспресо

Авторката на музиката за „Џокер“ прва жена кандидат за Оскар! (ВИДЕО)

Еспресо

Од 12 јули продолжуваат снимањата: Поради коронавирусот интимните сцени ќе се снимаат на поинаков начин

Еспресо

Актерот од „Сопранови“ пронајден мртов, покрај него имало и бел прав (ВИДЕО)

Igor

Генијалната идеја на деветгодишното момче му донело заработка од 30 милиони долари

Еспресо