6.8 C
Скопје
00:27 - 26 април, 2024

Камерон Дијаз се откажа од глумата поради семејството, но сега донесе нова одлука

Американската глумица Камерон Дијаз (47) пред шест години се повлече од светот на глумата, а во една прилика рече дека ако се врати, тоа ќе биде по нејзини правила.

Во последното интервју за странските медиуми таа призна дека глумата премногу не и недостасува, но иако претходно одлучила да се повлече, сега не оставила впечаток дека завршила со актерската кариера.

„Никогаш нема да кажам никогаш“, рече Камерон во последното интервју.

„Не ми недостасува глумата. Мислам дека е во ред сега да си го реорганизирам животот и да одберам да се вратам во светот на глумата ако така одлучам“, додаде глумицата.

Кога одлучи да се повлече од светот на глумата, рече дека веќе не знае која е.

„Сфатив дека веќе не знам која сум, а тоа е ужасно чувство. Одлучив повторно да се запознаам и да си дојдам на себе“, порача Камерон пред неколку годнини.

На почетокот на 2020 година Камерон ја изненади јавноста со објавата дека ја добила ќерката Редикс со нејзиниот сопруг, рокерот Бенџи Маден.

Со месеци се шпекулираше дека глумицата очекува принова, но сè помина во тајност бидејќи ни таа ни нејзиниот сопруг не сакале тоа ни да го потврдат ни да го демантираат сè до моментот кога на почетокот на јануари Камерон не објави дека стана мајка.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....