05:57 - 29 ноември, 2026

ФИЛ КОЛИНС ЕДВАЈ ГИ ДРЖИ СТАПЧИЊАТА ЗА ТАПАНИ: Великанот ќе се повлече

фил колинс генезис

„Јас сум малку физички оспорен, што е многу фрустрирачко, бидејќи би сакал да свирам со мојот син“, рече тој во ретко интервју на „Би-Би-Си Појадок“ со неговите колеги од групата „Генезис“.„Едвај држам стапче со оваа рака, така што има одредени физички работи што ме попречуваат“, додаде музичарот.

Колинс, сè уште е фронтмен на бендот и главен вокал, но како што спомена за „Би-Би-Си“, неговиот 20-годишен син Ник ги презеде тапаните поради здравствени проблеми.

Колинс претрпе неколку здравствени проблеми со текот на годините поради повреда на ‘рбетот. Тој се здоби со повреда на ‘рбетот во доцните 2000-ти, и прво откри дека мора да престане да свири на тапани како резултат на тоа уште во 2009 година.

фил колинс
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

„Пршлените ми го притискаа ‘рбетниот мозок поради положбата во која удирам на тапани. Тоа се случува од долгогодишно свирење. Јас дури и не можам правилно да ги држам стапчињата без да биде болно. Дури и ги лепев стапчињата на моите раце за да можам да продолжам“, според написот на „Daily Mail“.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....