17:56 - 8 ноември, 2026

ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА НА „МОЈАТА ГОЛЕМА ДЕБЕЛА ГРЧКА СВАДБА“: Збогум, Мајкл Константин

Мајкл Константин почина на 94 -годишна возраст по долга борба со болеста.

Светот на киното и телевизијата се збогува со уште еден голем лик: на 31. август почина  Мајкл Констатин, актерот најпознат по улогата во филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“, почина на 94 години, откако се бореше долго против болест. Веста пристигна доста подоцна од неговата смрт, а ја пренесе неговата агентка, Јулија Бучвалд, на Си -Ен -Ен.

Фото: Принтскрин/Jутјуб

Семејството на актерот изјави дека Мајкл Константин починал во Ридинг, Пенсилванија, по долго искушение; а по веста за неговата смрт стигнаа пораки на сочувство, вклучувајќи ги и оние на Ниа Вардалос, протагонистка и сценаристка на легендарната „Моја голема дебела грчка свадба“. Во твит, актерката рече дека Мајкл бил како татко на актерската екипа, со кого, како и во филмот, станале семејство.

Неговата кариера започна со учество во неколку ТВ -серии, а славата пристигна со серијата „Соба 222“, која се емитуваше од 1969 до 1974 година. Со неа пристигна и Еми наградата во 1970 година. Меѓутоа, вистинскиот успех Мајкл Константин го постигна благодарение на улогата на Гас Портокалос, таткото со грчко потекло во филмот Мојата голема дебела грчка свадба, филм кој доживеа глобален успех и кој во 2002 година заработи 330 милиони евра ширум светот. Големиот успех на филмот доведе до вториот дел снимен во 2016 година.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....