04:32 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЕД ШИРАН СНИМИЛ СПОТ ВО КИЕВ: Само неколку дена пред руската инвазија пејачот бил во главниот град на Украина!

Светски познатиот пејач и тектописец Ед Ширан во петокот наутро на својот официјален Јутјуб канал го објави видео записот за песната „2step“, на која соработувал со раперката Лил Бејби.

Британски поп – ѕвезда откри дека најновиот музички спот го снимил во Киев, главниот град на Украина, само неколку дена пред Русија да ја нападне земјата.

Пред да почне песната, на екранот се појавува порака на Ширан, каде објаснува дека видеото е снимено во Киев пред руската инвазија.

„Тоа беше мојот првпат да ја посетам земјата и се чувствував толку добредојдено“, рекол Ширан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran Double (@edsheerandouble)

„Украина е горда и отпорна земја и благодарен сум што имав прилика таму да го снимам моето видео“, порачува пејачот.

Откако ја претставил убавината на Украина во својот музички спот, Ед Ширан открил дека пружа дополнителни напори за да ѝ помогне на земјата.

Во почетната сцена на видеото, музичарот исто така открил дека целиот приход од Јутјуб стримовите ќе ги донира во Украина.

„Иако првпат бев таму, многу ми се допаднаа луѓето и местото“, напишал Ширан на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran Double (@edsheerandouble)


„Немаше ни трага од ужасот кој ја стигна Украина и моето срце е со сите таму“ напишал Ширан на Инстаграм.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....