22:31 - 7 ноември, 2026

ЏОНИ ДЕП ГО ВОЗВРАЌА НАПАДОТ: Си ги нацртала модринките за да ме оцрни!

Според изјавата што ја дал за судот, тој никогаш не бил насилен кон неа и тврди дека Амбер на лицето и на телото нацртала модринки за да го обвини за злоставување и за да има повод за развод, јавуваат американските медиуми.

Бракот меѓу 55-годишниот Деп и 33-годишната Херд заврши во мај 2016 година, по само 15 месеци, а актерката го обвини дека ја претепал. Бракот законски е завршен во јануари 2017 година, што не е случај и со нивното јавно расправање во кое изнесоа многу пикантерии од приватниот живот.
Хард во „Вашингтон пост“ се опишала како жртва на семејно насилство, на што Деп одговорил со тужба за клевета.

На судот Деп му ги предал и пораките за кои тврди дека се последните кои Амбер му ги пратила пред разводот.

„Да го направиме тоа или да поништиме сè. Ти и јас ја имаме контролата. И се сакаме. Мислев дека си го предал барањето за развод. Рече дека заминуваш и рече збогум. Жал ми е ако те повредив. Само те сакам“, наводно му напишала Амбер.

„Кога не ѝ удоволив на нејзиното барање за пари, ме обвини за насилство, бараше забрана за приоѓање и се појави на суд со модринки и исеченици за кои тврдеше дека настанале кога сум ѝ го фрлил мобилниот во лице. Повторно тие обвиненија се лажни“, напишал Деп.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....