17.2 C
Скопје
02:57 - 20 јуни, 2026

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПРОГОВОРИ ЗА ИНТЕРВЈУТО КОЕ ГО „ОЦРНИ“ АФЛЕК: Оваа приказна е лага!

бен афлек

Социјалните мрежи се преплавени од негативни коментари и реакции по интервјуто на Бен Афлек со Хауард Стерн во „The Howard Stern Show“.

БЕН АФЛЕК ОТКРИ ЗОШТО ТОЈ И ЏЕЈ ЛО СЕ РАЗДЕЛИЈА ПРЕД 17 ГОДИНИ: Што е сега поразлично?

Неговата поранешна свршеница и сегашна девојка, пејачката и актерка Џенифер Лопез наводно била крајно вознемирена од ова интервју.

Странските медиуми објавија дека била вознемирена што Афлек ѝ ја препишал својата зависност на поранешната сопруга, изјави за „Page Six“ извор близок на парот, но Афлек тврди дека ни тоа не е вистина.

„Многу е лута. Не сака да биде вовлечена во приказната за разводот со неговата поранешна сопруга. Таа се запозна со Џенифер Гарнер и се обидува да ги запознае и децата на Бен“, рекол изворот.

БЕН АФЛЕК ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА ВТОРАТА ШАНСА СО ЏЕЈ ЛО: Можам да кажам дека ми е убаво

Лопез сега ги демантираше медиумските написи дека била вознемирена од неодамнешните коментари на нејзиното момче за неговата поранешна сопруга.

„Едноставно не е вистина. Оваа приказна едноставно е лага. Не се чувствувам така. Многу го почитувам Бен како татко, ко-родител и личност“, изјави пејачката за „Entertainment Tonight“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Афлек, во обид да ги „поправи“ своите изјави, во друго интервју рече дека всушност одлично се сложува со својата поранешна сопруга.

„Разговаравме за тоа колку се почитуваме и се грижиме еден за друг и за нашите деца, ги ставаме на прво место“, рече тој во интервјуто со Џими Кимел.

Афлек рече дека ја повлекува линијата кога станува збор за неговото семејство.

„Морам да повлечам линија и да бидам јасен. Тоа што го извлекоа медиумите едноставно не е точно. Не верувам во тоа. Тоа е сосема спротивно од она што навистина сум. Никогаш не би сакал моите деца да веруваат дека некогаш ќе кажам грд збор за нивната мајка“, рече актерот.

Афлек и неговата поранешна сопруга Гарнер имаат три деца, 16-годишната Вајолет, 12-годишната Серафина и 9-годишниот синот Семјуел. Тие се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2018 година. По разводот рекоа дека одлуката била заедничка.

„Имавме брак кој не успеа. Тоа се случи со некого што го сакам и почитувам, но со кого повеќе не требаше да бидам во брак… Знаев дека е добра мајка“, рекол Афлек за својата поранешна сопруга за време на контроверзното интервју.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....