15.4 C
Скопје
19:04 - 19 октомври, 2026

Џенифер Лопез не може да го дочека Супер Боул: Погледнете како се подготвува (ВИДЕО)

На овогодишниот Супер Боул ќе има голема доза на латино енергија, бидејќи на полувремето ќе настапат ѕвездите Џенифер Лопез и Шакира.

Популарната Џеј Ло (50) на Инстаграм објави снимка од подготовките за настапот на Супер Боул.

Обожавателите можат да ја видат Џенифер со рацете на земја како „чека знак“ за да започне со својот настап. Набргу потоа, таа наеднаш станува и почнува да игра.

– Стојам овде на почетната линија и чекам знак за почеток – вели Џенифер во клипот.

Пејачката неколку секунди се движи, за на крај да седне на тревата и да го чека својот момент кога треба да заблеска.

Двете латино диви, Џеј Ло и Шакира, за првпат во своите кариери ќе настапат заедно и токму поради тоа ветуваат спектакл.

Кога Џенифер објави дека токму тие две ќе настапат заедно на Супер Боул, истакна дека е горда на организаторите што за ова шоу одбрале две моќни латино жени, пренесува Мирор.

– Мислам дека организаторите навистина сакаа да испратат силна порака и многу сум среќна што сум дел од проектот кој ги поддржува жените и разновидноста – истакна Џенифер.

Популарната пејачка и актерка во изминативе неколку месеци доби неколку номинации за својата улога во филмот „Hustlers“, па слободно може да се каже дека 2020 година започна одлично за Џеј Ло.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....