19.8 C
Скопје
20:53 - 29 септември, 2026

ДЕТЕ БЕЗ ДЕТСТВО И ЖИВОТ НА СЕДАТИВИ: Тешката судбина на Џуди Гарланд позната по улогата Дороти во „Волшебникот од Оз“

Американската актерка, пејачка и танчерка Џуди Гарланд е позната по легендарната улога на Дороти во „Волшебникот од Оз“ од 1939 година.

Гарланд го имаше своето театарско деби на само две години, и како дете се фокусираше на потрагата по успех во музичката и театарската индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena (@peppermintfroot)


Се уште била малолетна кога се појавил познатиот филм, имала само 17 години, а додека снимале имала само 16 години.

Меѓутоа, актерката почнала да се дебелее за време на снимањето, поради што раководителите на студијата веднаш ја ставиле на диета, па дури и и дале тутун за да го потисне гладот.

Тоа не е се што и дадоа за време на снимањето на „Волшебникот од Оз“

Имено, на младата актерка и беа дадени амфетамини со цел да остане будна што е можно подолго, се со цел да снимат што е можно повеќе сцени за еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rede Cinéfila (@redecinefilabrasil)

Подоцна, таа мораше да прима дози на барбитурати, односно седативи кои ќе го поништат дејството на амфетамините и ќе и овозможат конечно да заспие.

Нејзиниот поранешен сопруг, Сид Луфт, години подоцна зборуваше за однесувањето на актерите ангажирани за улогите на „манчинс“, и тврдеше дека често биле пијани или мамурни на сетот, па ја малтретирале малолетната актерка.

Сепак, нејзините проблеми започнале уште пред снимањето на познатиот филм.


Всушност, нејзините родители никогаш не ја сакале, па желбата на нејзиниот татко била нејзината мајка да абортира. Меѓутоа, кога им било кажано дека абортусот е преголем ризик за мајката, тие се откажале.

Нејзините родители меѓусебно немале добри односи, но нејзиниот татко сепак ја поддржувал Џуди во актерската кариера, за разлика од нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carly Jade (@ohmygarlands)


По смртта на нејзиниот татко во 1935 година, односот со нејзината мајка дополнително се влошил.

Според некои извештаи, нејзината мајка и давала апчиња кога имала само 10 години, а таа станала зависна од нив во доцните тинејџерски години.

Бурната кариера полна со зависност, во комбинација со нестабилноо воспитување, на крајот станала премногу напорна и тешка за актерката која почина на 47 – годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rue Lispector ✨ (@cr.lispector)


Нејзиниот петти сопруг, Мики Динс, го пронашол нејзиното тело во заклучена бања во 1969 година, а лековите – барбитурати била наведени како причина за смртта.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....