8.8 C
Скопје
00:23 - 18 октомври, 2026

Аманда Горман стана хит на Интернет по говорот на инаугурацијата

Instagram

22-годишната студентка Аманда Горман на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден повика на „единство и заедништво“ во изведбата на нејзината поемата.

Горман, воедно стана е најмладата поетеса што некогаш настапила на претседателските инаугурации. Аманда веднаш стана хит на социјалните мрежи. Во моментов има 824.000 следбеници на „Инстаграм“, а тој број од час во час постојано расте.

Девојката го изведе своето дело „The Hill We Climb“ пред присутните во Вашингтон и глобалната публика која ја следеше церемонијата пред малите екрани.

„Кога ќе дојде денот, се прашуваме каде можеме да најдеме светлина во оваа бесконечна сенка?“, започна нејзината петминутна поема.

„Видовме сила што ќе ја разбие нашата нација наместо да ја сподели, ќе ја уништи нашата земја со одложување на демократијата. И овој напор скоро и успеа. Но, иако демократијата може да се одложува од време на време, таа никогаш не може трајно да се порази“, рече Аманда.

Таа студира социологија на Харвард и пишува поезија уште од дете, но сега, конечно, успеа да ги најде вистинските зборови во вистинско време. Претходно, за „Њујорк Тајмс“ изјави дека е свесна дека ѝ претстои голем залак.

Instagram
Instagram

Девојката која тргна по стапките на Роберт Фрост и Маја Ангелоу, вели дека сака да го поздрави новото поглавје и идината на Амерка со елеганција и убавината на зборовите.

„Во песната, не мислам на кој било начин да го славам она што го видовме во последните неколку недели и, се осмелувам да кажам, последните неколку години. Но, ќе настојувам да ги користам своите зборови за да го прикажам начинот на кој нашата држава сè уште може да најде заедништво и може да заздрави. Ќе го направам тоа без да ја избришам или игнорирам суровата вистина со која Америка, мора да се помири“, изјави таа.

Аманда била контактирана од комитетот за инаугурација на Бајден кон крајот на минатиот месец откако веќе првата дама на Америка, Џил Бајден, слушнала нејзин говор и предложила да биде поканета да зборува на денот на инаугурацијата.

Instagram
Instagram

Многу познати личности од политичкиот свет ја поздравија Аманда, меѓу кои и Мишел Обама и Хилари Клинтон.

„Со нејзините силни и потресни зборови, Аманда нè потсетува на моќта што ја има секој од нас поддржувајќи ја нашата демократија. Продолжи да блескаш, Аманда! Едвај чекам да видам што ќе правиш понатаму“, напиша Мишел Обама.

Twitter
Twitter

„Аманда вети дека ќе се кандидира за претседател во 2036 година, едвај чекам“, напиша Хилари Клинтон.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....