9.8 C
Скопје
05:37 - 19 март, 2024

Илон Маск има уште поголеми планови за „Tesla“: Но, дали има конкуренција?

Instagram

Познатиот производител на електрични автомобили „Tesla Inc“, оваа година може да продолжи со неверојатниот раст што го доживеа во 2020 година.

Акциите на компанијата „скокнаа“ за неверојатни 90% само во последните три месеци. А во текот изминатата година, акциите на „Tesla“ пораснаа за околу 700%.

Илон Маск, за сите оние кои се заинтересирани како да тргуваат со цената на акциите на „Tesla“ од нивниот дом или едноставно сакаат да го прошират своето знаење, подготви бесплатен водич. Водичот е прилагоден за сите нивоа на знаење и можете да го најдете на „ForTrade“.

„Tesla“ не расте само благодарение на култниот статус меѓу инвеститорите.  Компанијата постигна голем успех во декември минатата година со тоа што се најде на берзискиот индекс „S&P500“, што предизивка голема заинтересираност за купување на акции меѓу инвестициските фондови.

Instagram
Instagram

Еден од најважните фактори е огромната експанзија на кинескиот пазар каде се предвидува побарувачката за електрични автомобили да поразне за 40% во 2021 година. Кинеската влада неодамна воведе нови закони кои обезбедуваат поддршка за купувачите на електрични автомобили, што дополнително ќе го стимулира растот на побарувачката.

„Tesla“ во јануари објави дека ќе влезе и на индискиот пазар, каде ќе основа филијала за продажба на своите возила. На долг рок, компанијата во Индија исто така може да формира поризводствени капацитети доколку побарувачката е доволно голема.

Instagram
Instagram

Покрај тоа, Џо Бајден – новиот претседател на САД и неговата партија пружија дополнителна поддршка на производителот на електрични автомобили. Имено, победата на Бајден предизвикува надеж дека наскоро во Америка ќе бидат воведени закони за заштита на животната средина и програми за „зелена енергија“, вклучително и мерки што навистина можат да ја зголемат побарувачката за производите на „Tesla“.

Голем дел од налитичарите сметаат дека светот ќе доживее неверојатна експанзија на пазарот на електрични автомобили, по што овие производи би биле подостапни за поголем број потрошувачи, за разлика од сега кога се привилегија на побогатото население.

Многу од традиционалните производители на автомобили како „Volkswagen“ и „Daimler“ се обидуваат да развијат свои електрични возила.

Instagram
Instagram

Други ривали, како што е кинеската компанија „Nio“, исто така произведуваат електрични возила, но тие сè уште не се докажаа на светската сцена.

Дури и „Apple“ неодамна објави дека планираат да ја забрзат својата програма за развој на електрични автомобили, или да стапат во партнерство со производители на електрични автомобили.

Потенцијалната конкуренција на „Tesla“ посегнува по „своето парче од питата“, но се чини дека заостануваат неколку години зад овој лидер на пазарот.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....