4.8 C
Скопје
01:03 - 24 октомври, 2026

Џенифер Лопез се обрати на шпански јазик за време на инаугурацијата: Ги расплака обожавателите

Instagram

Џенифер Лопез вчера настапуваше на инаугурацијата на Џо Бајден изведувајќи ги патриотските песни „This Land Is Your Land“ и „America the Beautiful“. Но, во еден момент додаде стих од нејзината песна „Let’s get loud“ и на крајпт се обрати и на шпански јазик.

„Една неделива нација пред Бога,  слобода и правда за сите“, кажа Лопез, рецитирајќи дел од свечената заклетва на САД.

Profimedia
Profimedia

Лопез потекнува од Порто Рико, има неколку албуми на шпански, па ова не е прв пат да запее  на својот јазик.

Пејачката расплака голем број латиноамериканци кои своите реакции ги споделија на социјалната мрежа „Твитер“. Многу обожаватели на беа горди што Лопез за момент си дозволи да се тргне од официјалната форма на настанот.

Instagram
Instagram

„Ја гледавме инаугурацијата и одеднаш Џеј Ло почна да зборува на шпански. Еден од учениците во мојот клас почна да вика: – Знам што рече!!! Ова е причината зошто е важна репрезентацијата“, напиша еден наставник.

Profimedia
Profimedia

„Не можам да ги запрам солзите“, напиша друг нејзин обожавател.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....