15:11 - 1 април, 2026

Алекс Родригез го откри урнебесниот начин на кој Џеј Ло го присилила да ја запроси (ВИДЕО)

Откако се вериле, пејачката Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез не престануваат да ги полнат насловните страници со детали за нивната врска, како и за наводното неверство на Алекс.

Откако пејачката неодамна се огласи и јавно кажа што мисли за гласините, во последното гостување кај Џими Фелон и поранешниот бејзбол играч ги изненади сите. И тоа со признание како Џеј Ло на некој начин го присилила да се верат.

Имено, пејачката ја објави песната “El Anillo” (Прстен), а Алекс се пошегувал дека тогаш веќе требало да му биде јасно за знаците кои му ги дава Џеј Ло – запроси ме.

View this post on Instagram

Beautiful afternoon with my #1 ☀️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Но, тука не е крајот.

“По песната следуваше и нејзиниот филм кој стигнува оваа есен со наслов “Marry Me”, раскажа низ смеа.

Освен тоа, откри детали и за самото запросување.

“Имав прстен, но она што е интересно е дека пред да се спуштам на колено и да ја запросам, три дена по ред го вежбав целиот процес. Сакав заоѓањето на сонцето да биде совршено”, рекол тој и додал дека цело време му помагала неговата асистентка која во текот на подготовките ја глумела невестата. Преслатко зарем не?

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....