0.8 C
Скопје
09:13 - 22 декември, 2024

ЖЕНИ, ОСВЕСТЕТЕ СЕ: Ова се сигурни знаци дека вашиот партнер НЕ Е ЗАЉУБЕН повеќе во вас!

Иако можеби ќе ви каже дека ве сака кога вие ќе му го кажете истото, тоа за жал не значи и дека така мисли и чувствува. Многу често жените во своите љубовни исповеди откриваат дека партнерот им кажал дека „засекогаш ќе ги сака, но дека повеќе не е заљубен во нив“.

Иако излуденоста по некого може да потрае повеќе од неколку месеци, искрената љубов и заљубеноста во душата, карактерот и телото на партнерот треба да биде трајна.

Делата главно кажуваат повеќе од зборовите.

Постојано му треба простор

Иако на почетокот на вашата врска не можел да се оттргне од вас, сега непрекинато има изговори зошто не може да се најде со вас, дали е тоа работа, договор на кој заборавил, главоболка и сл.

А кога ќе помине одредено време со вас, се однесува како да ви направил услуга и сега е „мирен“ некое време. Врската дефинитивно не би требала така да функционира бидејќи не станува збор за работа туку за интимен меѓусебен однос.

Не се труди да покаже дека врската му е важна

И покрај тоа што му давате суптилни или јасни знаци како долго време не сте добиле роза или од вашето омилено чоколадо, тој се прави како да не ве слуша и ништо не презема, а кога ќе му преречете за тоа, тој се однесува агресивно и како да го заморувате.

Зборува за вашата врска на негативен начин

Кога мажите, кои инаку секогаш се тука за да решат некој проблем или барем да се обидат да го решат, се однесуваат како повеќе да нема надеж, тогаш знајте дека тоа е црвено предупредување.

Ако пред вас се прашува дали вашата врска е воопшто вредна за труд, ве советуваме да го преземете вие првиот чекор и да го прекинете тоа што и онака ќе заврши лошо за вас.
Не ви се јавува и не ви пишува пораки, нема веќе ниту порака за добра ноќ, ниту за добро утро… Не го интересира како прошол некој ваш важен состанок или денот генерално…Едноставно целосно го загубил интересот.

Интимата се загубила

Вашиот љубовен живот не постои, држењето за раце станало смешно за вас, а бакнежите и прегратките ги добивате од време на време – колку да се рече? Знаете што треба да направите…

Се плашите да му кажете како се чувствувате

Нешто ви пречи, но вие се плашите да му кажете бидејќи знаете дека бурно ќе реагира? Со тоа се измачувате само себе си додека тој вешто манипулира со вас. Кажете му се што ви е на памет, а доколку сте му важни, ќе се потруди тоа да го промени.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....