00:15 - 20 август, 2026

(ВИДЕО) КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ИМАТЕ ИЗМИЕНО ЧЕТКАТА ЗА КОСА? По ова „Тик Ток“ видео ќе останете згрозени од скриената нечистотија

Една корисничка на „ТикТок“, откри дека никогаш не ги миела четките за коса темелно, туку само повремено ги чистела од влакна. Девојката не ја бои косата и не користи многу средства за нега, но водата по темелното миење на четките ги згрозило корисниците на оваа социјална мрежа.

Ние редовно го чистиме домот бидејќи тешко е да се игнорира прашината и нечистотијата насобрана на подот, но има бројни предмети што не ги чистиме толку вредно. Четката за коса, за која експертите велат дека треба темелно да се мие на секои две недели, често се наоѓа на листа на заборавени предмети на кои треба редовно да се мијат.

На својот профил на „ТикТок“, Џесика Хаизман сподели како изгледа водата во која ги измила четките што не се измиени откако е купени.

Таа сподели дека не ги миела четките и признава дека ги менува поредовно, а повремено само ги отстранува остатоците од косата од нив. Дека тоа не е доволно за да се одржи четката чиста, таа демонстрираше во своето видео.

Таа опиша дека најпрво ги отстранила влакната од четката со помош на чешел за коса, а потоа ги потопила четките во вода во која измешала сода бикарбона и шампон за коса и ги оставила да постојат потопени во топла вода.

Четките биле потопени околу половина час, а водата потоа станала кафеава. Како што може да се види од видеото Џесика беше згрозена, пред сè затоа што сметала дека косата никогаш не е толку валкана бидејќи користеше минимални количини производи за нега и дури не ја ни боела, а притоа реодовно одржувала хигиена

Заедно со видеото, таа напиша:

„Дали некогаш сте ги измиле четките за коса? И не зборувам само за вадење влакна од неа, сите знаеме дека треба да го правиме по секое коритење,  но, реално, треба да ги миете четките за коса еднаш на секои две недели“.

Во видеото на „ТикТок“, кое собра над 900.000 лајкови, а откако Џесика ги изми четките, ги остави убаво се исушат. Не е изненадувачки што видеото беше хит меѓу следбениците на Џесика кои претходно исто така не обрнувале внимание на околу хигиената на своите четки за коса.

Еден одговори: „О, Боже,… ја имам истата четка за коса во последните 15 години“.

Друг додаде: „Никогаш не ја имам измиено четката!”

Иако згрозени од скриената нечистотија во четката, следбениците додадоа дека дефинитивно Џесика ги инспирирала да си ги измијат и нивните четки за коса.

 

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....