Тој е личниот фризер на дамите од семејството Заеви: Со Зорица Заева се држиме до тоа што најдобро ѝ стои! (ФОТО)

Драган Гоцев од Струмица, или во својот град познат како Даци, е момчето „виновно“ за изгледот на убавите струмичанки.

За да закажете фризура или шминка во неговиот салон треба да се јавите неколку дена порано, но и тогаш е прашање на време дали ќе има „слободен термин“ да ве стави на листата на чекање.

Низ неговите раце поминале многу познати личности од српската, бугарската, но и од домашната естрада, а она што го прави можеби привелигиран, е тоа што Даци е личниот фризер и шминкер на семејството Заеви.

Токму тој е задолжен за фризурата на сопругата на премиерот, Зорица Заева, како и поширокото семејство на фамилијата Заеви.

С.П. Важиш за еден од најдобрите во својата професија, не само во Струмица, туку и во Источна Македонија, а притоа си прилично млад. Со што ја доби таа доверба од клиентите?

– Исклучиво со максимална посветеност и огромен труд. Иако сметам дека клучна е љубовта кон професијата. Кога работите нешто со целото ваше срце, не само што не го доживувате како задолжение кое „мора“ да го завршите, туку и успехот е неизбежен.

С.П. Колку струмичанките внимаваат на изгледот, фризурата, шминката?

Со оглед на тоа дека ја имаме титулата најубави девојки и жени во Северна Македонија, апропо тоа е јасно дека премногу внимават на тоа како изгледаат. Ги следат модните трендови на фризура и шминка, знаат да примат совети и се целосно препуштени на мојата идеја и реализација.

С.П. Низ твоите раце поминале доста познати личности, можеш да ми наброиш неколку со кои соработуваш, знам дека една од нив е и најпознатата струмичанка, инфлуенсерката Љупка Митрова…?

– Низ моите раце поминале пред сè многу личности, без разлика на тоа кој колку е познат, секој е еднакво испочитуван од моја страна. Познатите личности ми помогнале да сум тоа што сум денес, но мојата работа ги натерала да останат мои клиенти. Сум бил тука кога ниту јас ниту тие биле познати. Овде можам да ги споменам Александра Јанева, Антониа Гиговска, целата бугарска и пола српска естрада и секако мојата другарка, која е највлијателната македонска инфлуенсерка Љупка Митрова.

С.П. За тебе велат дека си личниот фризер на семејството Заеви, притоа Зорица Заева е исто така и твоја блиска пријателка…

– Да, така е, само што она што повеќето не го знаат е дека Заеви доаѓаат кај мене години наназад. Првите шминки на лицето на Ева (ќерката на Вице) и Александра (ќерката на Зоран) ги направив јас, значи низ години тие се дел од мојата редовна клиентела. Секако, годините работа и дружење ни ги има споено карактерите со Зорица и ја чуствувам блиска, но пак ќе напоменам дека тоа не е пријателство кое се базира на моменталната позиција, туку искрено и дамнешно.

 

View this post on Instagram

 

Celebrating my 22 birthday ❤❤❤

A post shared by Dragan Gocev (@dacigocev) on

С.П. Колку години се грижиш за изгледот на Зорица Заева?

– Па, некаде околу шест години, не се сеќавам точно. Таа е една од првите клиенти во мојот салон.

С.П. Каква личност е таа, има ли посебни барања кога станува збор за фризурата?

– Генерално се консултира, но е личност која не менува премногу. Се држиме до тоа што најдобро ѝ стои, а притоа да биде соодветно на она што го носи. Велат фризурата е одраз на карактерот, паралелно тоа зборува дека е цврста и стабилна жена.

Фото: Фејсбук

С.П. За што најчесто разговарате кога е таа седната на твоето столче?

– Хахаха, каков пријател и професионалец би бил ако ви пренесам за што зборуваме додека седи на моето столче?

С.П. Кој друг од семејството Заеви е твој клиент?

– Па, речиси сите, освен се разбира машките членови.

С.П. Наброј ми три светски дами на кои под итно би им направил нова фризура?

– Парис Хилтон, Меланија Трамп и Лејди Гага.

Слични објави

И коронавирусот е добра прилика за заработка: Ким Кардашијан лансираше линија маски за лице

Еспресо

Анѓела Јакимовска: Телото го доживувам како храм во којшто не сакам да внесувам отпад

Еспресо

Тајландскиот крал се самоизолирал во хотел на Алпите и си направил харем со 20 жени

Еспресо

Кралицата бара Меган и Хари да се вратат во Британија: Оваа понуда нема да може да ја одбијат!

Еспресо

Рики Мартин и сопругот за прв пат ја покажаа ќеркичката (ФОТО)

Igor

Секси девојката на фудбалерот на Јувентус, искусна и во боречки спортови

Igor

Остави Коментар

9 + 8 =

Слични објави

ПОСАКАЛ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОФЕСИЈАТА: Славниот актер аплицирал за работа во ресторан (ФОТО)

Igor

Фановите збунети! Најмладата милијардерка изненади кога се појави со очила и без шминка (ФОТО)

Igor

Мишел Фајфер е 25 години во брак со овој човек: Сите други би побегнале, но тој останал покрај неа! (ФОТО)

Igor

Јелена Карлеуша и Ника заедно слабеат: Ја осудија пејачката зошто ја ставила Ника на диета (ФОТО)

Igor

Легендата за Дедо Мраз

Слободен печат

Ракометната еуфорија го помести концертот: И Стинг навива за Вардар!

Igor