6.8 C
Скопје
04:49 - 19 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нов пад на температурите и дожд, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели, каде ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски утре и тоа под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Поради заладувањето врнежите од дожд на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.

– Температурите утре ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време, но ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе останат пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, додека наутро истите на некои места ќе се спуштаат и под нулата – заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....