09:41 - 8 ноември, 2026

ВРАЌАЊЕ НА ПРИРОДНОТО: Шест природни лекови против зголемен крвен притисок, а сите ги имаме дома

Ве мачи високиот крвен притисок? Постојат и алтернативни начини за намалување на притисокот.

Сирови бадеми

Ако секојдневно јадете по шака сирови бадеми може да допринесете за стабилно одржување на притисокот. Богати се со незаситени масти кои помагаат во намалување на холестеролот во крвта, го ублажуваат воспалението на артериите и го намалуваат крвниот притисок. Иако се состојат од масти и калории, бадемите помагаат и во загуба на телесната тежина како и во градење на мускулна маса. Бадемите се едни од најблагодарните намирници за кардиоваскуларното здравје.

Лута пиперка

Без сомнеж е едно од најбрзите средства за намалување на притисокот. Оваа намирница ги проширува вените и помага во ослободување на протокот во крвта, а како резултат на тоа, го намалува крвниот притисок.

Совет: Помешајте две кафени лажички лута пиперка во топла вода со лажичка мед и алое вера и ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија.

Кокос

Богат е со калциум, електролити и други важни нутриенти. Докажано помага во значајно намалување на крвниот притисок кај поголем број на луѓе кои го конзумираат.

Неодамнешното истражување утврдува дека со конзумирање на сок или млеко од кокос доаѓа до значајно намалување на притисокот кај 71 отсто од испитаниците.

Сирово какао

Ова е прехранбено оружје против хипертензија. Флавоноидите во какаото помагаат телото добро да се носи со стресот, кој пак, е честа причина за висок притисок, а ги намалуваат и стресните хормони.

Бројни студии покажале дека чистото какао штити од срцеви заболувања.

Куркума

Една од познатите предности на овој зачин се однесува токму на регулирање на крвниот притисок. Особено кога се зема во комбинација со црн пипер.

Куркумата е и природен разредувач на крвта, што е уште еден начин на кој оваа силна билка се бори против хипертензија.

Лук

Бројни истражувања откриле дека лукот е природен лек кој го спушта притисокот и ја намалува висината на холестеролот во крвта.

Ако сакате да ја избегнете непријатната миризба, може да го конзумирате во форма на таблети или капсули.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....