15:42 - 7 ноември, 2026

И ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ БИЛА НА СВАДБА ВИКЕНДОВ: Упатила порака – „Танцувајте низ животот и што ви е гајле за сè…“

Последните три дена сите погледи се вперени во хрватскиот музичар Петар Грашо и неговата избраничка Хана Хуљиќ, но не останува запоставена од љубопитните погледи, особено на социјалните мрежни, ни поранешната голема љубов на Грашо, Данијела Мартиновиќ. Всушност Даниела и Грашо беа едни од најпознатите поранешни парови во Хрватска.

Младенците – Грашо и Хана, веќе е познато, судбоносното „да“ го кажаа во црквата Св. Доминика, а бракот го прославија со најблиските членови на семејството, кумовите и пријателите во ресторанот „Адријатик“ во Сплит.

Но каде за тоа време била Данијела? На свадба!

Имено, додека Хана и Петар се венчавале, Данијела пеела на друга свадба во Загреб и според очевидците била многу расположена.

– Танцувајте низ животот и што ви е гајле за се, држете го ритамот и никому не му дозволувајте тоа да ви го украде – порачала Данијела со насмевка на лицето.

Па така, додека нејзиното поранешно момче со „новопечената“ сопруга ја сечеле свадбената торта, една од најпознатите хрватски пејачки не тагувала, како пто пренесува порталот загреб.инфо. 

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....